-->
-->
Новиот командант на „Алфите“ после месец дена фатен во незаконски активности?
-->

Внатрешната контрола на МВР испитува дали командантот на единицата „Алфа“, Примислав Димовски, фаќал врски за ослободување на лице кого „Алфите“ го уапсиле бидејќи кај него пронашле ладно оружје? Според информациире на телевизија Алфа настанот се случил пред 10-тина дена, тим од единицата за прв одговор и интервенција, привеле лице кое им било сомнително, а при прегледот кај него пронашле нож. Алфите, осомничениот го однеле до полициската станица Центар и го предале на службеникот за прифат, јавува телевизијата.
Информациите кои ги објавува Алфа, говорат дека ургенцијата по телефон од командантот на единицата, била пресудна осомничениот да ја напушти полициската станица како да не се огрешил пред законот. Освен снимката на камерата, дека „Алфите“ внесуваат во полициска станица приведено лице, а потоа тоа си оди од станица според информации на телевизијата нема друг пишан документ за приведувањето на осомничениот.
-Ниту предавањето во станицата не било документирано во дневната книга, а ослободувањето на приведениот се случило без службена белешка. Единствена пишана трага од настанот се службените белешки на „Алфите“ во кои тие навеле дека го ослободиле лицето по директна наредба од нивниот командант Димовски. Белешките биле предадени во внатрешна контрола, јавува телевизијата.
Телевизија Алфа побара одговор, од МВР, дали Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди води постапка против командантот на „Алфите“, Примислав Димовски од таму добиле одговор: „Организационата единица за внатрешна контрола секојдневно постапува по пријави согласно своите надлежности. За сите претставки се постапува со идентична ажурност без разлика за кого се работи. По завршувањето на постапката ќе бидете благовремено известени “.
Примислав Димовски, на позицијата командант на единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“ дојде на почетокот од февруари оваа година, на оваа позиција го постави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
