Новиот член на СЈО Сашо Василевски даде свечена изјава
Новоизбраниот член на Советот на јавни обвинители Сашо Василевски денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.
Сашо Василевски дипломирал на Правниот Факултет во Скопје во 1992 година, а правосуден испит положил во 1996 година. Во 2000-та година го положил и нотарскиот испит, а од 1997 до 2006 година работел како адвокат со своја адвокатска канцеларија со седиште Ресен.
Од 2006 до 2008 бил заменик на министерот во Министерството за правда на Република Македонија. Од 2008 до 2010 година бил член во Комисијата за полагање на правосуден испит. Од 2010 до 2011 повторно работел како адвокат во Ресен. Од 2011 до 2015 година бил член на Советот на јавните обвинители, за кое место повторно е предложен од страна на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
Ново на Сител
-
ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина