-->
-->
Нови земјотреси денеска во Албанија
-->

Два нови земјотреси од 3,1 и 2,2 степени се регистрирани денеска во Албанија, беше објавено на веб-страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, кој ги следи сеизмолошките активности во Европа.
Посилен земјотрес се случил во 3.04 часот на длабочина од десет километри, а епицентарот бил на 32 километри северозападно од Тирана. Вториот земјотрес е регистриран во 18:45 часот на длабочина од 14 километри, со епицентар на 22 километри од главниот град.
Нема информации за евентуална материјална штета или за повредени лица.
Албанија минатата недела беше погодена од разорен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала. Повеќе од 50 лица загинаа, а околу 2.000 беа повредени. Регионот на Драч беше најтешко погоден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
-

Македонското јаболко се бара во Србија, Бугарија, Чешка, Косово и Албанија
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
