Македонија
30. May 2017 - 12:46

Нови врнежи - Погледнете какво време не очекува до крајот на неделата

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од петок ќе настапи позначително дестабилизирање на времето, па во наредните денови на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особено в петок и в сабота. Променливо и нестабилно ќе се задржи и во текот на наредната работна седмица.