Нови возила во кавадаречки „Комуналец“

Три нови возила обезбеди кавадаречки „Комуналец“, со кои ќе се подобрува услугата кон жителите на општина Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев денеска потсети дека е ова трета набавка од годишниот план за ЈП „Комуналец“, направена во делот на нова механизација, обновување на механизацијата и дополнување на дејноста на „Комуналец“.
- Станува збор за две теренски возила со приклучна механизација приколка. Тие ќе служат во делот на секторите на ЈП за одржување, јавна хигиена и хидроцентралите. Тука е и четврти по ред мини скип, што ќе биде во делот на водовод, за дефекти и за отстранување на други површини, што ги има во делот на канализациите со скип, рече градоначалникот.
Тој соопшти дека оваа инвестиција како трета фаза од вкупната набавка, е околу 80 илјади евра.
- Така некаде до септември ја очекуваме и четвртата завршна фаза, да ни стигнат уште две машини. Тоа ќе биде уште една цистерна за перење на улици и голем кипер со кран, додаде градоначалникот.
Директорот на претпријатието, Ѓоко Поп Ицов рече дека „Комуналец“ не застанува тука.
- Очекуваме уште две нови машини, со што ќе биде заокружена планираната набавка за возила, за поефикасно и поквалитетно работење на „Комуналец“. Сега веќе имаме два мали ровокопачи или два мали скипа, а во догор со градоначалникот е планирано да се набават и два ножа за снег. Тие во зимски услови ќе бидат пуштени да го чистат снегот по тротоарите, плоштадот и по сите други јавни површини за кои ќе биде одговорен „Комуналец“, рече Поп Ицов.
Тој појасни дека двете теренски возила со приколки ќе бидат користени за потребите на хидроцентралите и водовод и канализација.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
