Нови субвенции за земјоделците
10 илјади евра грант ќе добијат малите производители на храна и мали винарии. Министерот за земјоделие денеска ги презентираше новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалоци.
- Успехот за програмата на мали винарии минатата година беше поттик да креираме оваа година и програма за мали дестилери со грантови од 5 илјади евра и програма за мали производители на храна којашто ќе биде презентирана денеска, којашто е најголема и ги таргетира младите, жените и малите производители во рурални средини. Оние коишто произведуваат македонски производи од животниско и неживотинско потекло се со цел за прв пат да можат да добијат грант од 10 илјади евра за развој, зголемување на производството, брендирање на производите и клучно остварување на нашата цел а тоа е создавање и креирање на што повеќе финални производи кои ќе се продаваат од праг и од фарма, кажа министерот за земјоделие Љупчо Николовски.
Ново на Сител
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
-

Седмоодделенец од Битола упатувал закани по живот на соучениците
-

Демографската слика во Македонија загрижувачка – Владата со 20 годишна стратегија за иднината на државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Македонија домаќин на Регионална конференција за справување со демографските промени
-

Муцунски: Услови за уставни измени нема
-

Берсе од Скопје: Наскоро решение за пресудите на ЕСЧП против Бугарија
