Македонија
26. February 2024 - 19:45

Нови случаи со голема кашлица во Куманово, Крива Паланка и Скопје

Големата кашлица почна да се шири и надвор од Скопје. Во кумановскиот центар за јавно здравје пријавени се две заболени лица, 5 годишно дете од Куманови и маж на 40 години од Крива Паланка кој бил комплетно вакциниран на детска возраст. Со нив досега во овој регион  регистрирани се 5 случаи со пертусис.

-Станува збор за четири деца, две се од едно семејство. Едното е хоспитализирано во Козле, а другото е на домашно лекување. Четирите се невакцинирани и не посетуваат градинка. А возрасниот е на 40 години од Крива Паланка, од машки пол, бил комплетно вакциниран и е на домашна терапија, изјави д-р Едита Рамизи, епидемиолог во ЦЈЗ Куманово.

Викендот пак во Скопскиот Центар за јавно здравје имало десетина пријави за голема кашлица, со што бројката надмина 70 заразени. Според епидемиолозите се поместува границата, и се повеќе од новорегистрираните се школски деца и возрасни лица. Лекарите се категорични дека вакцините се најдобра превенција за оваа силна бактериска инфекција која трае и до 100 дена.

Податоците од ИЈЗ покажуваат дека само во февруари вакцинирани се околу 4100 деца од 12.600-тини до 7 години кои ја пропуштиле вакцинацијата.

Иако од Комисијата за заразни болести имаше најава дека неделава во земјава ќе пристистигнат ди-те-пер за возрасни, од министерството за здравство нема конкретна информација кога и каде возрасните ќе можат да се вакцинираат.