Нови седум коронавируси кај лилјаци во Африка
Во африканската држава Габон научници открија седум нови видови на коронавирус, но сè уште не е познато дали можат да преминат на човек и да предизвикаат нова пандемија, пишува New Scientist.
Повеќето досега идентификувани видови на коронавирус кај лилјаци се пронајдени кај азиските видови, но сè повеќе од нив се откриваат и кај африканските лилјаци.
Со генетско секвенцирање е утврдено дека станува збор за 7 нови коронавируси пронајдени кај лилјаци кои јадат инсекти. Пет од седумте нови вируси тесно се поврзани со познат коронавирус наречен хуман коронавирус 229E кој кружи меѓу луѓето од 60-тите години на минатиот век кога и е идентификуван, а кој обично предизвикува само благи симптоми на настинка.
Експертите затоа претпоставуваат дека новите видови исто така би можеле да преминат на луѓето и да предизвикаат благи симптоми или дури и сериозна болест, но потребни се дополнителни истражувања за тоа да се потврди.
Ново на Сител
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот