Нови протести во Тбилиси
Околу 1.500 демонстранти синоќа протестираа пред зградата на грузискиот Парламент.
Најмалку 240 лица се повредени при протестите во четвртокот, кои беа организирани поради присуство на пратеникот во Долниот дом на рускиот Парламент, Сергеј Гаврилов на годишната седница на Интерпарламентарното собрание на православието.
Еден ден по протестите претседателот на грузискиот Парламент, Иракил Кобакиѕе поднесе оставка.
Протести беа одржани и во петокот, а демонстрантите ја критикуваат Владата за премногу пријателскиот однос кон Русија и бараат вонредни парламентарни избори.
Во меѓувреме, Москва ги суспендира патничките летови на грузиските авиокомпании во Русија, а претседателот Владимир Путин потпиша указ за привремена забрана на патнички летови од Русија за Москва.
Ново на Сител
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото