Нови протести во Хонг Конг против законот за екстрадиција во Кина
Стотици илјади лица излегоа денеска на протестен марш низ улиците на Хонг Конг, за да го искажат своето незадоволство од одлуката на властите на овој автономен кинески регион за носење на закон со кој ќе се овозможи екстрадиција во Кина на лица по кои власите во Пекинг ќе распишат потерници.
Демонстрантите носеа транспаренти со кои се повикуваше на оставка на претседателката на Владата на Хонг Конг, Кери Лам, а додека минува пред владиното седиште тие скандираа „повлечи си“ и „оставки“.
По повеќедневните протести, Лам вчера соопшти дека Владата времено го суспендирала разгледувањето на законот, но демонстрантите бараат негово целосно повлекување.
– Нашите барања се едноставни. Кери Лам мора да поднесе оставка, законот за екстрадиција мора да биде повлечен и полицијата мора да се извини за примената на екстремно насилство врз сопствениот народ, изјави еден од организаторите на протестот. За време на протестот во средата, полицијата употреби солзавец и гумени куршуми за разбивање на демонстрантите.
Ново на Сител
-
Во Данска пријавен првиот случај на новиот вид на коронавирус од Јужна Африка
-
Измамен скопјанец: Дал 13.500 денари, но не добил дрва
-
Велеслаломска победа за Басино
-
СП ракомет: Поради Ковид-19 службена победа за Германија
-
Слаб снег во Маврово, сообраќајот засега без пречки
-
Фуере: Мислам дека изборите во Бугарија нема да донесат ништо ново, па нема поента ЕУ да чека за да дејствува
-
Пред пратениците ќе бидат презентирани информации поврзани со преговорите со Бугарија
-
361 новозаразено лице со Ковид-19 и 14 починати