-->
-->
Нови покриви на основните училишта во Бутел
-->
Во општина Бутел финишираат градежните работи во неколку основни училишта. Во ОУ „Панајот Гиновски“ е заменет стариот и дотраен покрив од салонитни плочи со пластифициран лим заедно со целата дрвена потконструкција.
Како што информираат од општината, завршени се и градежните работи на фискултурната сала во ОУ „Ацо Шопов“ каде целосно е раконструиран покривот. Поставен е нов пластифициран лим, заменета е громобранската лента, а поставени се и нови олуци.
Изведувач на работите е градежната фирма ГИВ „Груп“ од Скопје, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел во висина од 2,4 милиони денари.
Според најавите од општината, во моментов сеизведуваат поголеми градежни зафати и во ОУ „Гоце Делчев“ во Љубанци, кое треба да добие нов покрив, фасада со нови прозори и неколку нови училници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови