Свет
18. January 2017 - 17:13

Нови немири во Брегот на Слоновата Коска

Жандармеријата во Абиџан пука во воздух, ги растерува жителите и блокира улици во околина на пристаништето, јавуваат западни медиуми повикувајќи се на изјави на очевидци.

Истрели од огенно оружје се регистрирани и во главниот град Јамусукро, како и во Мана и Далои, и најверојатно во прашање е почеток на уште еден бунт, јави Би-Би-Си.

Немирите во Брегот на Слоновата Коска почнаа на 6 јануари кога дел од армијата протестираше поради малите плати. Во меѓувреме, владата почна да исплаќа бонуси од 20.000 долари за војниците, а се претпоставува дека сега тоа се очекува за жандармеријата.