Македонија
8. February 2017 - 12:35

Нови изненадувања со времето - Временска до крајот на неделата

Времето  во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне во јужните делови се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а преку денот облачноста насекаде ќе се намалува. Ќе дува слаб, а во источните делови по должината на Повардарието умерен ветер од северозападен правец.

Слаби локални врнежи од дожд и снег се очекуваат во четврток во вечерните часови и во петок претпладне, а температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе биде постудено со пониски дневни температури, а утринските во поголем дел од земјата ќе бидат негативни. 

Ова е временската за до крајот на неделата: