-->
-->
Нови информации за пукањето во училиште во Финска: Почина 12 годишно дете
-->
Едно 12-годишно дете загина откако беше застрелано во основно училиште во финскиот град Вантаа, во близина на Хелсинки, соопшти денеска финската полиција, пренесе ДПА.
Други две 12-годишници се тешко повредени, соопшти полицијата. Службите за итни случаи уапсија еден 12-годишен ученик пред училиштето. Осомничениот сторител со себе имал огнено оружје.
Полицијата соопшти дека апсењето поминало без проблеми.
Од јавноста беше побарано да се држи подалеку од областа додека полицијата продолжува со истрагата во основното училиште во областа Виертола во Вантаа, на југот на Финска, потсетува ДПА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава