Македонија
28. July 2016 - 19:48

Нови фасади во Општина Карпош

Граѓаните на Карпош 3 добија нови термички фасади Градоначалникот Стевчо Јакимовски најави дека од општинскиот буџет ќе бидат издвоени над 13 милиони денари.

- Градежните работи ќе траат 60 дена,а во фаза на изведба се 30 фасади кои ќе бидат завршени до крајот на 1 Октомври - изјави Стевчо Јакимовски

Градоначалникот апелираше до сите граѓани на територија на општина Карпош да аплицираат за нови кровни конструкции се со цел граѓаните во наредните 30 години да немаат проблем со ново поставените термички фасади. Ова е втор на поставување нови фасади летово во општина Карпош. И Романските кули, во населбата Тафталиџе 2, ќе добијат нов урбан лик.

Претходно, општина Карпош најави дека учениците кои учат во основните училишта, наредната учебна година ќе ја започнат во целосно подновени училници. А во соработка со Град Скопје, Општина Карпош ќе добие нова сообраќајна артерија- ќе се проширува улицата ,,Васил Чакаларов’’ , како сообраќајно продолжение на ул. Теодисиј Гологанов.