Нови детали за масакрот во приватно училиште во САД - Потврдени 6 жртви | ФОТО+ВИДЕО
Три деца и тројца возрасни вчера беа убиени во пукањето во приватно основно христијанско училиште во Нешвил, на југот на САД. Нападот го изврши 28-годишна жена идентификувана како Одри Елизабет Хол, поранешна ученичка во училиштето, која била убиена од полицијата на местото на настанот. Убиените деца биле на возраст од девет години.
Полицијата во Нешвил објави видео на кое се гледа како напаѓачот влегува во училиштето. На снимката, која се чини дека е од надзорните камери во зградата, се гледа како Одри Хејл пука во влезната врата и потоа се качува низ скршеното стакло за да влезе.
Напаѓачот носел црвена капа, маскирни панталони и нешто што личело на заштитен елек. Хејл носеше автоматска пушка во едната рака, додека второто слично оружје висеше од нејзиниот лев колк. Откако влегла во училиштето, на видеото се гледа како таа талка по ходниците на училиштето.
На првите снимки и фотографии се гледа и оружјето употребено во нападот и автомобилот Хонда Фит на убиецот паркиран во близина. Пукањето престанало околу 14 минути откако почнало, кога полицијата упаднала во зградата и го застрелала осомничениот.
Полицијата објави дека Одри Хејл еднаш одела во училиштето каде го извршила масакрот. Веб-страницата, која се чини дека е поврзана со Хејл, покажува дека таа била графичка дизајнерка и илустраторка од Нешвил која создала логоа кои, како што се вели во нејзиниот сајт, „ќе помогнат да се раскаже приказната на компанијата“ и „да се пренесат чудно и опуштено чувство“.
САД, каде што има околу 400 милиони оружја во оптек, често се место на масовни престрелки, вклучително и во училиштата. Вооружениот напад што се случи во Covenant School е 129-ти во САД оваа година.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава