Нови цени на горивата од полноќ

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 72,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 72 денара за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,281 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,517 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,355 отсто, кај дизелот за 2,341, а кај екстра лесното масло за 2,138 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,219 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,566 отсто.
Ново на Сител
-

Париските власти забранија можна парада на навивачите на ПСЖ доколку ја освојат Лигата на шампионите
-

Ибрахимовиќ во бокс меч против Фјури на 1 август
-

Официјално: Фабијани нов тренер на Вардар
-

Путин потпиша указ за отпишување долгови на новите регрути за украинскиот фронт
-

Рубио: Ормуската Теснина мора да остане отворена
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во посета на Македонија
-

Пред пратениците предлог-законот за задолжување со заем од 260 милиони евра
-

Сончево и топло со температура до 32 степенa, попладне можен краткотраен дожд
