-->
-->
Нови апсења на осомничени членови на ИД во Истанбул
-->
Турската полиција приведе денеска 15 членови на џихадистичката група Исламска држава во операција преземена на 28 места во истанбулските квартови Багџалар и Башкашехир.
Во операцијата според турски медиуми, учествувале специјалци и од одделот за борба против тероризмот.
Запленети се пет автоматски пушки, објави Хуриет дејли њуз.
Турските власти ги проширија акциите спрема членови на ИД по двојниот самоубиствен напад во Анкара на 10 октомври во кој загинаа над 100 луѓе. Тоа беше најсмртоносен терористички напад во историјата на Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер