-->
-->
Нови апсења на новинари во Египет
-->
Претседателот на Синдикатот на египетските новинари Јахија Калаш и уште двајца високи претставници на синдикатот ќе бидат судени по брза постапка со обвиненија дека криеле луѓе за кои полицијата имала распишано потерници.
На Калаш, заменик претседателот на Синдикатот, Халед Балши и генералниот секретар Гамал Абдул Рахим ќе им се суди откако во почетокот на мај полицијата упадна во просториите на Синдикатот за да уапси двајца новинари кои работеле за опозициски новинарски веб-сајт.
Локалниот весник Ал Масри ал Јум објави дека тројцата биле ослободени откако синдикатот платил гаранции. Претходно, според локални медиуми, тие биле во притвор откако не сакале да платат гаранции се додека случајот не го преземе независен судија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати