Нови 2.062 случаи на грип, сезонава три лица починати со грип

Во текот на третата недела од 2026 година - од 12 до 18 јануари, во државава биле пријавени 2.062 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грипот, 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела.
Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со третата недела од минатата сезона е зголемен за 46,0 отсто, а во споредба со бројот за третата недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 15 сезони, намален е за 6,9 проценти. Во текот на третата недела, пријавената инциденца е над неделната граница за средна активност, информираат денеска од Институтот за јавно здравје.
Во однос на возрасната дистрибуција, 1.274 лица биле на возраст од 15 до 64 години. Вкупно 279 биле деца на возраст до четири години. Над 65 години биле 266 лица. Додека, 243 биле деца на возраст од 5 до 14 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.
Заболените лица се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје - 556, Тетово - 146, Охрид - 142, Битола - 139, Куманово - 137, Прилеп - 115, Штип - 110, Кавадарци - 102, Велес - 96, Струмица - 85, Дебар - 75, Свети Николе - 59, Гостивар - 52, Радовиш - 33, Неготино - 30, а во Гевгелија, Виница, Струга , Ресен, Кичево, Крушево, Кратово, Македонски Брод, Пробиштип, Делчево, Крива Паланка, Кочани, Демир Хисар и Берово, бројот на заболени е помал од 30, покажуваат податоците на ИЈЗ.
Во четири ЦЈЗ/ПЕ - Дебар, Охрид, Свети Николе и Кавадарци се бележи многу висока активност, во три - Кратово, Штип и Виница - висока активност, средна активност се регистрира во единаесет ЦЈЗ/ПЕ, во девет се бележи сезонска активност, додека во две единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип.
Во сезоната 2025/2026, вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грип изнесува 8.209, во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 2,1 пати, а во однос на моделот од последните 15 сезони се регистрира зголемување од 16,3 проценти.
Во текот на сезоната на грип, регистрирани биле три починати лица асоцирани со грип, се наведува во извештајот на ИЈЗ.
Од Институтот потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи.
Заклучно со третата недела, во државата вакцинирани биле вкупно 79.078 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти
-

Поднесено обвинение против 21-годишник од Свети Николе: Jа тепал бремената девојка и ја заклучил во соба 15 часа
-

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
-

Автомобил излета од патот во виничко, возачот почина
-

Прегазен 80-годишен пешак во Дебар
-

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада
