Новата српска Влада положи заклетва
Членовите на новата српска Влада на премиерката Ана Брнабиќ синоќа положија свечена заклетва, на церемонија на која присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и повеќе странски претставници и дипломати.
На церемонијата не присуствуваа поглаварот на Српската православна црква, патијархот Иринеј, како ниту други верски великодостојници, што се оценува како нивни бојкот на новата премиерка, поради нејзината „нетрадиционална сексуална ориентација“.
Церемонијата уследи откако претходно вчера Собранието на Србија со 157 гласови „за“ и 55 „против“ за избра Брнабиќ за нов српски премиер. На гласањето немаше воздржани, а 38 пратеници не присуствуваа на седницата.
Кабинетот на Брнабиќ има 21 министер, односно два ресора повеќе од досегашната Влада и тоа за животна средина и за иновации.
Брнабиќ, во својство на мандатар завчера го изложи експозето пред пратениците, при што порача дека економскиот развој, дигитализацијата и образованието ќе бидат клучни приоритети на новата влада. Таа најави и дека Србија ќе продолжи да соработува со НАТО во рамки на програмата Партнерство за мир и дека ќе води политика на одржување на најдобри можни односи со Русија и со ЕУ.
Инаку, првата седница на новата српска Влада е закажана за утрово во 7.30 часот.
Ново на Сител
-
Серија неправилности во работењето на Фондот за пензиско
-
Како ќе се решава проблемот со бездомните животни?
-
Тема на денот: Родителите Стојче и Кристина со потресно сведоштво за смртта на малата Јана
-
Утре во Битола протести со барање „Правда за Јана“
-
Отворена истрага за надзорот над „Бехтел и Енка“
-
Пратенички прашања со фокус на надзорот и смртта на малата Јана
-
Уставот ќе се менува за Бугарите а не за други теми - Владата контра министерот Лога
-
Пензионерка го пресретна Ковачевски во маркет: И со замрзнатите цени не можеме да преживееме