Новата палестинска Влада положи заклетва, Хамас против

Новата палестинска Влада вчера положи заклетва пред претседателот Махмуд Абас, а ќе ја предводи долгогодишниот мировен преговарач и висок функционер на партијата Фатах, Мухамед Иштаје.
Владата ќе има 24 министри, меѓу кои ќе биде и актуелниот министер за надворешни работи Ријад ал Малики, како и министерот за финансии Шукри Бишара.
Исламистичкото движење Хамас, кое управува со Појасот Газа, го нарече таквиот потег удар врз напорите за обединување.
– Ова е сепаратистичка влада, нема национален легитимитет и ги зголемува шансите за одвојување на Западниот Брег од Појасот Газа, се наведува во соопштението на Хамас.
Првата задача на Иштаје ќе биде да се позанимава со недостигот на финансиски средства на Палестинската национална управа, која има ограничено самоуправување по времениот мировен договор со Израел.
Ново на Сител
-

Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
-

Стартува реконструкцијата на охридскиот аеродром
-

Францускиот амбасадор вели дека гаранции се невозможни, Mицкоски подготвен да чека децении за уставните измени
-

Запленети 40 тони јајца на Табановце
-

Анкета: Голема поддршка за системот Безбеден град и законот кој треба да забрани пушење на јавни места
-

Треба да се даде поголема поддршка за социјалното претприемништво на младите, особено во малите средини
-

Органодарителство, хуманост што спасува животи
-

Преглед на вестите од светот
