Новата локална власт во Гостивар обвинува: Екс градоначалникот остави долг над 100 милиони денари
Поранешниот градоначалник Невзат Бејта ја остави општина Гостивар со над сто милиони денари долг, се наведува во соопштението од службата за информирање на локалната самоуправа со која од денеска раководи Арбен Таравари.
- Откако изгуби на локалните избори и се поздрави со општинските службеници, Невзат Бејта ја испразни општинската каса, не оставајќи средства за плати на вработените. Три дена по вториот изборен круг, на 30, 31 октомври и 1 ноември, општината, по наредба на поранешниот градоначалник Невзат Бејта, изврши трансакции со вкупна вредност од 6.774.276,00 денари, односно околу 111.053 евра. Со овие средства, чиј износ е доволен за исплата на плати на вработените во општината и за тековните расходи, се наведува во соопштението.
Според новата локална власт, Бејта во главно им се раздолжил на фирми блиски со него кои ја финансирале неговата скапа предизборна кампања.
- На компанијата „Магнум транс“ во вторникот му биле исплатени 2.000.000,00 денари, на компанијата "Гартен Бау Цели" 1.500.000,00 денари, додека на компанијата Метро Дооел му се исплатени 300.000,00 денари.
Конечниот долг надминува 100 милиони денари, а ревизијата ќе ја покаже точната бројка, стои во соопштението од службата за информирање на општина Гостивар.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип