Новата цел на Маск: Брз интернет во целиот свет
Компанијата Спејс-Икс на Илон Маск има нова цел - да осигура поголем пристап до брз интернет во целиот свет. За таа цел, тие работат на специјални сателити, од коишто првите два беа лансирани вчера во орбита на Земјата.
Сателитите Микросат-2а и Микросат-2б се доста помали од стандардните сателити, и ќе може да бидат стационирани на пониска височина, бидејќи оние што се поставуваат повисоко, создаваат проблеми во конекцијата.
Новите сателити ќе бидат на висина меѓу 1.100 и 1.325 километри, и ќе покриваат мала територија - 1.060 километри радиус. Тоа, како што тврдат стручните лица, ќе овозможи побрз и поефикасен интернет, но за тоа, од Спејс-Икс сметаат дека ќе им требаат вкупно 4.425 сателити за целиот свет.
Реализирањето на проектот вклучува и многу други технологии, како што е - ласерска комуникација меѓу сателитите, за поефикасна координација и за да не си пречат меѓусебе, а и на останатите вселенски објекти. Рокот на траење на еден вештачки сателит ќе биде меѓу пет и седум години.
Маск очеква до средината на наредното десетлетие, проектот да работи во полн погон.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ