Нова училишна спортска сала во Тетово

Во основното училиште „Перпарими“ во Голема Речица - општина Тетово денеска е пуштена во употреба нова спортска сала, дел од владиниот проект за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали.
На пушатањето во употреба на салата присуствуваа министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и градоначалничката на Тетово Теута Арифи.
Училишната сала е со површина од 1.300 метри квадратни и ги обезбедува потребните услови за сите групни спортови, како ракомет, кошарка, мал фудбал и одбојка, а исто така со опремување на салата со спортски реквизити ќе се овозможи и изведување на сите гимнастички вежби. На тој начин создадени се соодветни услови за спортување за 688-те ученици од училиштето, соопшти Министерството за образование и наука.
Салата располага со трибина за гледачи со капацитет од 400 седишта, а како дел од инфраструктурата се и гардеробите, туш - кабините, санитарните јазли, просториите за сместување на спортските реквизити како и посебните простории за наставниците по предметот спорт и спортски активности.
При проектирањето и изградбата на спортската сала, според соопштението, се запазени сите најнови стандарди за градење на ваков тип објекти а особено е внимавано на сигурноста и квалитетот на вградените материјали како и енергетската ефикасност.
Како дел од проектот, во општина Тетово веќе се изградени и пуштени во употреба спортските сали во рамки на средното медицинско училиште „Никола Штејн“, средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“, како и во средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчески “. Исто така, започната е изградбата на уште две спортски сали и тоа во средните училишта „Моша Пијаде“ и „8-ми Септември“.
Според министерот Адеми, со овие инвестиции ќе се надмине долгогодишниот проблем на обезбедување основни услови за одржување на наставата по предметот спорт и спортски активности, што на долг рок ќе обезбеди и повисоко ниво на квалитет на спортот и спортските активности во нашите училишта. Паралелно со тоа, потенцира Адеми, ќе се мотивираат сегашните ученици да членуваат во спортски клубови, репрезентации и да се натпреваруваат за постигнување на што подобри резултати во спортот за кој самите се определиле.
Ново на Сител
-

Москва ја исклучува ЕУ од преговорите за Украина: Кремљ не гледа никаква корист од нејзиното учество
-

Над 47.000 жени и девојчиња убиени од најблиските во светот во 2025 година
-

Ѓорѓиевски: Паркот„Жена-Борец“ ќе добие изглед достоен за неговото место во срцето на Скопје
-

Средба Мицкоски-Варнс: Разговаравме за македонско-американските односи, стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка
-

Клековски: Македонците плаќаат повеќе за да си го уништат здравјето отколку за да го зачуваат, 600 евра за цигари - 500 за здравствено осигурување
-

Австралиски и германски научници првпат открија планини под Антарктикот
-

Сослушани само двајца од седум повикани сведоци за „Пулс“
-

Јаневска: Формиравме работна група за новиот модел на субвенциониран студентски оброк
