Нова тропска бура се приближува кон источниот брег на САД, се очекува во Северна Каролина
Нова тропска бура се формира во Атлантскиот океан во близина на источниот брег на Соединетите Американски Држави и подоцна денеска се очекува да стигне до брегот на државата Северна Каролина, објави Националниот центар за урагани (НЦУ) на САД.
Невремето доцна синоќа се приближи до бреговите на Јужна и Северна Каролина со максимални постојани ветришта од околу 65 км/ч.
НЦУ издаде предупредување за силно невреме, а во некои делови на брегот на Северна Каролина се очекуваат бранови високи до 1,5 метри.
Иако ја достигна силата на тропска бура, сè уште не е именувана и метеоролозите ја нарекуваат потенцијален тропски циклон 16.
Националниот центар за урагани го дефинира потенцијалниот тропски циклон како нарушување што претставува закана за појава како тропска бура или ураган во рок од 48 часа.
Метеорологот Марија Торес, која е задолжена за јавните работи во НЦУ со седиште во Мајами, рече дека населението долж американскиот брег на Атлантикот треба да го следи напредокот на бурата, да складира резерви и да се подготви за нејзиното пристигнување на копно.
Ново на Сител
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана
-
Лице од демирхисарско ја запалило плевната на свој соселанец
-
Обвинителството поднесе жалба барајќи ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Претреси во битолско, прилепско, крушевско и во Македонски Брод, пронајдени оружје и муниција
-
Семејствата на жртвите во дискотеката „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон
-
Кривични пријави против лица од Пробиштип и Свети Николе за кражби од цркви
-
Сиљановска-Давкова: Да го чуваме споменот за Св. Кирил и Методиј и да градиме општество на знаење и меѓусебно почитување
-
Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови