Македонија
16. December 2023 - 17:18

Нова сообраќајка на патот Гостивар - Кичево, сообраќајот во прекин

На патниот правец Гостивар-Кичево после „Стража“ попладнево се случи сообраќајна незгода. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека од 16:30 часот сообраќајот е во прекин.

Претходно, на патниот правец Кичево - Гостивар, кај местото викано „Тајмишка раскрсница“ се случи сообраќајна незгода поради што сообраќајот беше во прекин до 16:20 часот.