Македонија
12. September 2021 - 19:08

Нова снимка од пожарот во модуларната болница во Тетово, се слушаат неколку експлозии | ВИДЕО

Се појави нова, аматерска снимка од пожарот на ковид болницата во Тетово. Овој пат оваа е од другата страна на реката, од каде јасно се гледа дека низ пожарот, има и неколку експлозии, веројатно од кислородот.

Катастрофалниот пожар кој се случи на 8. септември во 21 часот, одзеде 14 животи на пациенти кои се лекуваа од ковид.

Пожарот придонесе за оставки на првите луѓе на здравството Филипче и Хасани, а оставки поднесоа и директорите на болницата во Тетово.