Нова сигнализација на 11 патни правци

Со нова сигнализација и патна опрема наскоро ќе бидат опремени единаесет патни правци во должина од 560 километри.
Станува збор за патните правци Илинден - Калуѓерец, Ржаничино -Свети Николе, Лакавица - Неготино - Дреново, Давидово -Раброво, Брајковци - Марвинци, Страцин - Кратово - Пробиштип - Крупиште, Струга - Дебар, Макази - Маркова Нога, Макази - граничен премин Стење, Прилеп - Македонски Брод - Кичево, Прилеп - Кривогаштани -Крушево - Сладуево, Виница - Смојмирово и Струмица - Дојран.
Извршена е замена на еластичната ограда, поставени се нови катадиоптри, заменети се со нови сообраќајните знаци и смероказите и поставена е нова хоризонтална сигнализација. Инвестицијата е во вредност од 158 милиони денари.
Увид во завршните работи направи директорот на Јавното претпријатие Александар Стојанов.
Проектот за поставување нова хоризонтална и вертикална сигнализација и патна опрема што го реализира Јавното претпријатие за државни патишта започна кон крајот на минатата година.
Од Јавното претпријатие за државни патишта најавуваат дека од август годинава ќе започне поставувањето на нова сообраќајна сигнализација и патна опрема на 12 регионални и магистрални патишта во вкупна должина од 450 км.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
-

Зверев за прв пат светски рекет број 1
-

Гутереш предупреди дека трката меѓу САД и Кина во воената вештачка интелигенција води кон глобална катастрофа
-

Сиљановска Давкова и честиташе на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
