Балкан
11. јуни 2017 - 17:43

Нова патарина на 3 километри од границата!

Од ова лето, ако планирате да одите во Грција уште на влезот во земјата ќе ве пречека нова патарина.

Наплатната рампа се наоѓа на околу 3 километри од граничниот премин меѓу Грција и Македонија, Евзони. 

Истата е во изградба и не се знае кога ќе почне да работи и колкав износ ќе треба да одвојат туристите кои ова лето ќе го поминат во Грција. 

Исто така не е познато дали оваа патарина ќе претставува нов трошок за туристите или пак е само замена за некоја веќе постоечка наплатна рампа.