Македонија
10. September 2020 - 16:41

Нова одлука за хронично болните - ако не добијат боледување од специјалист до 23. септември се враќаат на работа

Пролонгиран рокот за враќање на хронично болните на работните места. На 23-ти септември на работа се враќаат оние чија здравствствена состојба согласно лекарската проценка им е стабилна. На боледување на неопределено време ќе бидат сите лица кај кои специјалистот ќе утврди дека со постоечката дијагноза се во голем ризик или имаат влошување на здравјето. Рокот е пролонгиран откако одлуката на Владата наиде на незадоволство кај здруженија на пациенти кои утринава имаа средба со министерот за здравство. Дали некој 6 месеци земал плата без работа злоупотребувајќи ја болеста Филипче вели било тешко да се утврди. Но им остава на стручните лица да утврдат кој со астма, хобб, малигна болест или дијабет е способен да се врати на работните обврски.

- Нема злоупотреби со седењето дома, здравствените власти им оставаат простор во следните две недели на оние кои имаат влошување на состојбата да добијат потврда за тоа од специјалист и ќе бидат на боледување на неопределено време.

За да стигнат навреме на лекар, здравствените власти најавија зголемување на термините во електронскиот систеим како и е амбуланта. За здруженијата на пациенти е добро што ќе има индивидуален пристап за секој пациент и што специјалистите ќе го имаат последниот збор.

- Зависи каде живее, каде работи, какви се работнитер услови, каква е клиничката слика и затоа е добро индивидуален пристап а не групно, вели Пепо Леви, претседател на здружение за ХМЛ.

- Специјалистите се тие што се грижат за нас и најдобро знаат во каква состојба сме, но поединечно, бидејќи има разлика од пациент до пациент, вели Македонка Давчева, од групата Љубов сме за поддршка на болните од рак.

- Мора координација со здравствените власти за наврмее да се решаваат вакви работи, вели Милан Мишковиќ – Хепар центар.

На состанокот со министерот здруженијата договориле решавање и на други проблеми со кои се засегнати нивните членови.

- Разговаравме и за родителите на деца со високоризични дијагнози да бидат ослободени од работа и тоа преку специјалистите на Детска, вели Весна Алексовска од Живот со предизвици.

Доколку хронично болните до 23 септември не успеат да обезбедат потврди поради краткото време, надлежните најавија дека може да има повторно пролонгирање на рокот за нивно враќање на работа.