Нова научна книга „Модели на родовата идентификација“ од Марина Мијаковска

„Модели на родовата идентификација“ од д-р Марина Мијаковска е насловот на научната студија што излезе во издание на издавачката куќа „Сигмапрес“ од Скопје.
Студијата „Модели на родовата идентификација“ е од областа на компаративната книжевност, родовите студии и културологијата. Мијаковска во оваа книга говори за два модела на родовата идентификација: стереотипен и субверзивен (трансродов) модел, а интерпретативната анализа опфаќа корпус романи од актуелната македонска книжевност (Индиго Бомбај од Јагода Михајловска-Георгиева, Скриена камера од Лидија Димковска, Помеѓу од Ирена Јорданова и Планета на неискуството од Гоце Смилевски).
- Една од основните вредности на оваа книга е што во фокусот на својот интерес ги поставува прашањата за половоста/родовоста како аналитички концепти, а нејзината херменевтичка изведба е таква што несомнено укажува на особено компетентна млада критичарка која дава убав прилог кон компаративистичките и културолошките истражувања во македонскиот контекст, вели рецензентот проф. д-р Маја Бојаџиевска.
Марина Мијаковска (1984) дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за Општа и компаративна книжевност. Таа пишува поезија, проза, книжевна критика и есеистика. Членка е на ДПМ. Авторка е на поетските книги Номадска душа (2010); Куфери (2013); Психоаналитичка алхемија од страсти (2013); Тиркиз во лето (2015) и Постела на тишината (2015); на прозното дело Куќички (2014). Пишува и книги за деца - Новогодишни детски песни (2017).
„Модели на родовата идентификација“ е нејзина втора теориско-критичка книга, по „Жанровски полимер: Сандаче од ракописи во обид“ од 2016 година.
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
