-->
-->
Нова книга од областа на спортскиот менаџмент на Македонскиот Олимписки Комитет
-->
Во рамките на обуката за напреден спортски менаџмент на Македонскиот олимписки комитет (МОК) за членовите/кандидатите кои ја посетуваат оваа обука, ја издаде книгата „Менаџмент на олимписки спортски организации“ која е основна литература и која треба да помогне за поефикасен спортски менаџмент со Олимписките спортски организации во кои спаѓаат спортските клубови, националните спортски федерации, националниот олимписки комитет, меѓународните спортски федерации и Меѓународниот олимписки комитет.
Книгата е развиена од и за олимписките спортски организации ширум светот и се осврнува на основните принципи на спортскиот менаџмент кои можат да се применат на било кој тип на организација која работи во рамките на олимпискиот спорт, без оглед на нејзината големина, искуство или историја и ги опфаќа следните области:
- Организација: Како организациската околина, внатрешната структура и работењето влијаат врз носењето на одлуки?
- Стратегија: Како може да се подготви, имплементира и оцени стратешки план?
- Човечки ресурси: Колкава е важноста за развој на стратегијата за човечки ресурси со цел најдобро да се регрутираат, мотивираат и обучат волонтерите и вработените?
- Финансии: Кои чекори треба да се превземат за спроведување на соодветни и транспарентни финансиски процедури?
- Маркетинг – Како може да се развие маркетинг план кој ја надополнува севкупната стратегија на организацијата, барањата на засегнатите страни и можностите за спонзорство?
- Спортски настани: Што се треба да се земе во предвид кога се носи одлука дали да се организира спортски настан и какви чекори ќе бидат потребни да се преземат за организирање на ваков настан?
За да им помогне на кандидатите на оваа Обука да ги разберат и применат концептите, оваа книга ги идентификува клучните концепти во секоја област и дава примери од реалниот свет на меѓународниот спорт, вклучувајќи 30 практични сценарија и шест студии на случај кои покажуваат како Олимписките спортски организации се занимаваат со опфатените прашања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
18-годишник и малолетник силувале две малолетни сестри и ги снимале со телефон во Тетово
-
За 6 часа 429 казни за возачи на мотори, 267 не носеле кацига, 83 возеле без возачка
-
Кривична за бизнисменка од Кавадарци, затаила данок од над 800.000 евра
-
Приведен 45-годишен маж од Радовиш, предизвикал пожар
-
Излетале од патот по што се запалил автомобилот, во тешка сообраќајка загина Диого Жота и неговиот помлад брат
-
Израелската армија употребила бомба од 230 килограми во нападот врз кафуле во Газа
-
Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението
-
Диди виновен за спроведување проституција, ослободен од најсериозните обвиненија