Нова градинка во Козле
Во урбаната заедница „Кузман Јосифовски - Питу“ градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски предаде во употреба нов објект на детската градинка „Пролет“.
Станува збор за нов објект (клон) на градинката ЈУОДГ „Пролет“ кој ќе го носи името „Бумбарче“. Установата е заедничка инвестиција на Општината Карпош и Министерството за труд и социјална работа.
Општината инвестирала во уредувањето на партерниот простор, додека Министерството за труд и социјална политика ја уредило внатрешноста на објектот.
Градоначалникот Јакимовски нагласи дека ова е трет објект на детска установа во населбата Козле, која ги згрижува најмалите карпошани од три урбани заедници: Кузман Јосифовски-Питу, Пецо Божиновски-Кочо и Средно и Горно Нерези.
- Објектот зафаќа површина од 160 квадратни метри, и ќе биде со капацитет за прием на 56 дечиња. Сите капацитети се пополнети, и родителите изразуваат големо задоволство, што отворивме нова установа, бидејќи имаше реална потреба и заинтересираност за згрижување на нашите најмлади жители, потенцира Јакимовски.
Директорката на градинката „Пролет“ Вита Јаковлевска, изрази големо задоволство од проширувањето на капацитетите на детската установа, бидејќи, како што рече, секоја година има се поголема заинтересираност од запишување нови дечиња.
Информира дека во овој клон ќе функционираат три занимални. Во две ќе бидат згрижени дечиња од 0-2 години, односно во т.н група на „јасли“, додека во една занимална ќе бидат згрижени деца од 2-6 години.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата