Нова фасада на зграда во Центар

Општина Центар ја започна реконструкцијата на фасадата на зградата на улицата „Владимир Полежановски“ 19, со површина од 1 574 метри квадратни.
Нова фасада, како што најавуваат од Општината, ќе добие зградата која била изградена во педесеттите години од минатиот век и е меѓу првите колективни згради во Буњаковец.
- Ќе биде задржан нејзиниот автентичен изглед, а боите, како што е веќе практика, ќе бидат избрани во договор со станарите. Новите фасади овозможуваат многу подобри услови за живеење за станарите, заштитени од влијанието на промените во годишните времиња и за 30 проценти пониски сметки за електрична енергија. Се работи за контактна фасада, изведена со стиропор со дебелина од 5 сантиметри и завршен слој од пластичен малтер. Исто така, ќе се заменат и окапниците и олуците, се наведува во соопштението од Општината.
Со оваа интервенција, општина Центар реконструираше десет фасади за две години.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
