Нова атракција во Индонезија: Фудбал со запалени топки

По атракцијата од пред дваесетина години во која слонови на Суматра играат фудбал и дури постигнуваа голови, во егзотичната Индонезија уште една „фудбалска“ игра го привлекува вниманието на светската јавност.
Иако како нација во вистинскиот фудбал се прилично лоши, индонезиските љубители на фудбалот ја поврзаа оваа игра со традиците и смислија игра во која наместо со класична, се игра со запалена топка.
За атрактивната игра се употребува плод од кокосов орев, наполнет со керозин. Топката е во игра се додека има пламен, а често се случува да се направи пауза, за топката да се дополни со керозин и играта да продолжи.
Невообичаената фудбалска игра најчесто се гледа во населбите на централна и источна Јава, а куриозитет е што има и женски натпревари. Најхрабрите, од двата пола, играат боси.
Додека се полни топката со керозин, публиката ја забавуваат жонглери со дување пламен од устата. Еден од мајсторите на дување пламен во неделата успеал со пламенот во воздух да ја држи „топката“ над 30 секунди.
Ново на Сител
-

Тошковски: Кокаин вреден милион евра запленет во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
