Свет
21. April 2016 - 22:07

Нова агенција на ЕУ за гранична и крајбрежна стража

Советот на Европска унија „Правда и внатрешнио работи“ денеска одлучи да се формира нова агенција на ЕУ за гранична и крајбрежна стража.

Тоа на прес-конференција во Брисел го соопшти еврокомесарот за миграција, внатрешни работи и граѓанство Димитрис Аврамопулос по средбата на министрите за внатрешни работи на Унијата, што се одржа во Луксембург.

Целта на агенцијата ќе биде да помогне за подобро чување на надворешните граници на ЕУ за време на мигрантската криза.