Нов земјотрес од 5,6 по Рихтеровата скала ја погоди централна Турција
Нов земјотрес со интензитет од 5,6 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска централна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот бил на длабочина од 2 километра.
Според најновите информации, над4.300 луѓе загинале во вчерашниот разорен земјотрес во Турција и во Сирија.
Бројот на загинати во Турција од силен земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтер се искачи на 2.921, објави деенска тамошната агенција за помош АФАД.
Новиот број го донесе потврдениот број на загинати во Турција и соседна Сирија на 4.365, по земјотресот што се смета за најсилниот што го погодил регионот во изминатите речиси 100 години.
Најмалку 5.606 згради се урнаа во земјотресот, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби. Вкупно 19.574 спасувачки персонал работат во областа на земјотресот за да ги санираат последиците, се вели во соопштение.
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа