Нов закон за поголема заштита од дискриминација

Проширување на основите за дискриминација, унапредување на работата на Комисијата за заштита од дискриминација и нејзина професионализација со цел поефикасно решавање на претставките, воведување сексуслна ориентација и родов идентитет како основ за дискриминација, сегрегација како нов облик на дискриминација, зголемување на казните, се дел од решенијата што ги предвидува Предлог законот за заштита од дискриминација, кој поминал на седница на Владата и треба да влезе во собраниска процедура.
Како што информира на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со законот се дава можност и за тужба за заштита од дискриминација во случаи на јавен интерес кога е засегната поголема група граѓани, и се ослободуваат од судски трошоци граѓаните што ќе поднесат тужби за дискриминација.
- На овој начин се доближуваме до меѓународните стандарди усвоени во ОН и ЕУ, а нашите граѓани добиваат соодветна правна заштита и општество во кое се негуваат различностите и овозможува услови за развој на сите граѓани, рече министерката Царовска.
Согласно новиот закон, има зајакнати критериуми за избор на членови на Комисијата, неспоивост со членство во политички партии и професионален ангажман, што, рече, треба да ја зајакне нејзината работа.
До изборот на нови членови Комисијата за заштита од дискриминација ќе функционира во постојниот состав.
Ново на Сител
-

Македонски возач протеран од Германија - надминал 3 дена од дозволените во Шенген зоната
-

Андоновски: Не забрана, туку родителска контрола на социјалните мрежи кои ги користат малолетниците
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
