Македонија
30. January 2019 - 16:27

Нов закон за абортус: Писмена согласност ќе биде доволна за прекин на бременоста

Женатата сама ќе одлучува за абортус и доколку сака интервенцијата може да биде изведена уште истиот ден. Ова е содржано во предлог законот за прекин на бременоста кој помина на вчерашната владина седница. Надлежните велат дека новото законско решение е либерално и ги укинале досегашните одредби кои ги принудуваа жените да чекаат три работни дена и да одат на задолжителни советувања.

-Ќе нема повеќе административни проблеми кои беа досега, ќе нема прашања од типот дали сакате да абортирате, зошто сакате, колку деца имате и така натаму, значи ќе зависи од волјата на жената и ако сака ќе може истиот ден, вели др. Адела Стефанија, гинеколог во Клиника за Гинекологија.

До 12-тата гестациска недела за прекин на бременоста ќе биде доволна само писмена согласност на жената. Укинат е и ултразвучниот преглед за слушање на срцевите тонови.

-Жената треба сама да одлучува и да нема чекања како досега. Секако дека треба жената сама да одлучи без да има законски пречки за прекин на бременоста, велат жени.

Дерл од невладините организации кои беа вклучени во подговтовка на законското решение, коментираат дека со новиот закон нема да го доведуваат во прашање животот на жената со долгото чекање за оваа процедура. Но гинеколозите пред ваквите интервенции ќе им укажуваат на пациентките и за евентуалните ризици.

-Секако дека ние на жената ќе и укажеме каква е процедурата, кои се потенцијалните ризици и секако овие интервенции мора се прават во соодветни установи и од соодветни и стручни лица бидејќи мора и соодветно да бидат третирани одреднеи компликации до кои може да дојде, вели др. Стефанија.

Овој закон ќе стапи на сила откако ќе добие зелено светло од пратениците и ќе биде објавен во Службен весник.