Нов забавен парк во Кавадарци

Нов забавен парк за младите е изграден во новиот центар на Кавадарци. Паркот чија вредност е околу еден милион денари денеска го посети кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.
- Ова е проект што е типично изворен за Кавадарци. Првично беше моја идеја, меѓутоа потоа го разработивме заедно со инженерите и дојдовме до заклучок дека ваков вид на парк му треба на Кавадарци. Според првите неколку дена, поради посетеноста од многу мајки со дечиња, видовме дека навистина сме ја погодиле целта, рече градоначалникот во изјава за медиумите.
Тој нагласи дека овој прв парк од ваков вид сакаат да се мултиплицира во останатите делови од Кавадарци.
- Ова е забавен парк за деца што е еден вид копија на некогашните војнички препреки на бившата југословенска армија, меѓутоа адаптиран и оспособен да биде во функција на физичко раздвижување на најмалите наши дечиња, додаде градоначалникот.
Панов најави дека овие денови ќе се инсталираат и справи за возрасни во склоп на спортската сала Јасмин што се донација од Ротари клубот, кои ќе бидат наменети за оние кои што вежбаат на тие простори.
Изрази надеж дека и во наредниот период ќе бидат изградени уште барем пет-шест исти игралишта.
Ново на Сител
-

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии, очекуваме гаранции од европските институции
-

Французин пронајден мртов на лежалка во Ксамил, се сомнева дека бил избоден до смрт од албански државјанин
-

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и во општина Студеничани
-

Муцунски: По 2019 година повторно ќе се одржи Амбасадорскиот совет, ќе постави конкретни задачи за дипломатската мрежа
-

Неизвесен настапот на Синер на УС опен
-

ХИВ во пораст: 11 нови случаи во јули, меѓу нив и 20-годишник
-

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава
-

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област
