Нов вид анаконда - може да достигне 7,5 метри и 500 килограми
Научниците открија досега недокументиран вид на џиновска анаконда во Амазон, за која велат дека може да порасне до 7,5 метри и тежи близу 500 килограми, што ја прави најголемата и најтешката змија досега позната во светот, пренесува Индепендент.
Досега беа познати четири видови анаконди, од кои најголемиот – зелената анаконда – населуваше во тропските делови на Јужна Америка, како што се басените на реките Амазон, Ориноко и Есекибо, како и некои помали сливови.
Овие анаконди, пронајдени во реките и мочуриштата на Јужна Америка, се добро познати по нивната молскавична брзина и способност да го уловат пленот со намотување, задушување и голтање во целост.
Истражувачите, кои работеа со домородниот народ Ваорани, фатија и проучуваа неколку примероци на новоименуваната северна зелена анаконда (Eunectes akayima) во регионот Бамено на територијата Баихуаери Ваорани во еквадорската Амазонија.
Како што појаснуваат, се работи за змија, комбинација од два различни вида.
Научниците документираа неколку анаконди кои припаѓаат на новиот вид, забележани како го демнат својот плен во плитките води на речниот систем на Амазонија.
„Големината на овие прекрасни суштества беше неверојатна – една женска анаконда што ја сретнавме беше долга неверојатни 6,3 метри“, рече во изјавата коавторот на студијата Брајан Фрај од Универзитетот во Квинсленд. „Постојат анегдотски извештаи од луѓето Ваорани од другите анаконди во областа долги повеќе од 7,5 метри и тешки околу 500 килограми“, рече д-р Фрај.
Професорот смета дека ова откритие е еден врв во неговата кариера.
Ново на Сител
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола
-
И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците
-
СДСМ: Цените растат – власта нема решение
-
Над 26 милиони рецепти реализирани во 2024 – стануваме поболна нација или хипохондрици?
-
Во Македонија младите се помалку се едуцираат за семејните вредности