Нов вербален спор меѓу Рим и Париз поради мигрантите
Претставничка на француската Влада денеска ја обвини Италија дека се однесува „хистерично“ во однос на миграцијата, на што италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини возврати дека Франција би требало да ги отвори своите пристаништа за мигрантите.
Париз и Рим, во текот на минатата година повеќепати се судрија во однос на миграцијата, бидејќи италијанската Влада настојува да спречи хуманитарни спасувачки бродови со мигранти да впловат во италијанските пристаништа.
– Мислам дека италијанската Влада не е дорасната на задачата, изјави денеска портпаролката на француската Влада Сибет Ндаје. – Однесувањето на Матео Салвини е неприфатливо, што се однесува до мене, рече таа и го обвини дека создава „хистерична“ атмосфера поради миграцијата.
Салвини, кој е лидер на крајно десничарската Лига, веднаш реагираше на нејзините обвинувања.
– Моето однесување во однос на имиграцијата е неприфатливо? Француската Влада треба да престане со овие навреди и да ги отвори своите пристаништа за мигрантите, порача Салвини.
Ново на Сител
-
ЦУК: 7-годишно дете, две жени и маж спасени со чамец од Пчиња
-
Средба за соработка помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ
-
Бислимовски: Работиме на продолжување на евтината тарифа на струјата за уште еден час
-
Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско - струшки регион
-
Макрон ја започнува тридневната посета на Германија
-
Илјадници Израелци протестираа во Тел Авив барајќи враќање на заложниците од Газа
-
Сообраќајот непречено, по претежно влажни коловози
-
Променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи