-->
-->
Нов „трипл-дабл“ за Расел Вестбрук
-->

Кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук ноќеска имаше ново шоу, и тоа на мечот против Мемфис кој неговиот тим го доби пред домашната публика.
Вестбрук ја предводеше Оклахома допобедата над Мемфис со 114-102, а средбата ја заврши со нов „тропл-дабл„ учинок остварувајќи 38 поени, 13 скокови и 12 асистенции.
За Вестбрук кој се наметнува за најсериозен кандидат за признанието „МВП“ најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, ова беше 25-ти „трипл-дабл“ сезонава.
Кај гостите од Мемфис најзабележителен беше шпанскиот интернационалец Марк Гасол кој покрај 31 поени имаше и 8 асистенции.
Најголема неизвесност синоќа имаше на дуелот во Хјустон каде „Ракетите“ дури по по продолжение славеа победа против Чикаго со 121-117. На Џејмс Харден му недостасуваше една асистенција за дуелот да го заврши си „трипл-дабл“ учинок, па покрај 42 поени и 12 скока, Харден имаше и 9 успешни додавања.
На останатите натпревари одиграни ноќеска беа постигнати овие сезултати:
Орландо - Торонто 102:94
Детроит - Минесота 116:108
Бруклин - Индијана 97:106
Бостон - Л.А.Лејкерс 113:107
Денвер - Милвоки 121:117
Портланд - Далас 104:108
Сакраменто - Феникс 103:105
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
