Нов терористички напад во Босна - Фрлен експлозив во тунел каде поминувал началникот на ГШ

Според “Дневни аваз”, во тунелот Салаковац во близина на Мостар е пронајдена експлозивна направа која била активирана во предниот дел од возилото на генералот Анте Јелец, началникот на Генералштабот на вооружените сили на БиХ.
Тунелот е затворен, а исто така и поширокото подрачје е блокирано од страна на полицијата. Според полициски извори, ескплозивната направа најверојатно е фрлена од возило во движење. Експлозивната направа била активирана и оставила кратер, но за среќа генералот Јелец и ниту било кој од неговата придружба е повреден. Полициски екипи се на местото на настанот и се истражуваатат сите детали. Паралено тече и потрагата по напаѓачите.
Портпаролот на МО на БиХ Ума Синановиќ, ја потврдиа информацијата за “Дневни аваз”
Генералот Јелец го потврди инцидентот, но не можеше да каже повеќе детали.
“Имаше експлозија во тунел Салаковац. Јас не сум повреден, ниту моето возило беше оштетено. Само помина низ чадот. Тоа го видов дека и го пријавив нао полицијата. која ја води истрага”, рече Јелец.
Пред два дена Енес Омерагиќ во сараевската населба Рајловац уби двајца војници на војската на БиХ, а потоа изврши самоубиство во својата куќа.
Ново на Сител
-

25. годишна конференција на Македонска берза
-

СДСМ со законски измени ќе им помага на земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваат СДСМ за неисплатени субвенции
-

Прв случај на западно-нилска треска и во Сарај, ИЈЗ апелира граѓаните да се заштитат
-

За 3 години изгореле речиси 83 илјади хектари шума, штетата е над 133 милиони евра, констатира ДЗР
-

Вработените се жалат од претседателката на кумановскиот суд: Обвинуваат за мобинг, најавуваат штрајк
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
