-->
-->
Нов светски рекорд на Нигеријката Амусан
-->

На СП во атлетика во Јуџин САД падна нов светски рекорд и тоа на 110 метри со пречки во женска конкуренција.
Сопственик на најдобриот резултат на оваа патека на сите времиња е Тоби Амусан од Нигерија со време од 12 секунди и 12 стотинки што го постигна на полуфиналната трка. Интересно Амусан во финалната трка беше уште побрза но поради силен ветер резултатот од 12 секунди и 6 стотинки не и беше признат. Зад златната Нигеријка се пласира Британи Андросон од Јамајка додека бронзениот медал и припадна на Јасмина Квин од Порторико.
Атлетскиот мундијал беше затворен со штафетните трки на 4 пати по 400 метри кои минаа во доминација на Американците.
Во машка конкуренција домашните атлетичари беа побрзи од штафетите на Јамајка и Белгија додека кај жените САД го освоија златниот медал пред Јамајка и В. Британија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
