Нов состанок на Комисијата за заразни болести, можни нови построги мерки
Денеска или утре Комисијата за заразни болести ќе има нов состанок за анализа на состојбата со заболените од Ковид-19. Од Министерството за здравство велат дека е можно да се предложат, нови, построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, дознава „А1он“.
„Состанокот ќе биде денес или најдоцна утре. Не ја исклучуваме можноста да има нови мерки, порестриктивни, по анализата на состојбата од последните неколку дена. Какви мерки и да се препорачаат, граѓаните ќе бидат навреме информирани. Нема да се случи од денес за утре да се усвои мерка, ќе има доволно време за граѓаните да се подготват. Викенд – карантин и затворање на подолг рок, засега не се предвидува“, велат од Министерството за здравство.
Засега на сила е полицискиот час кој започнува во 22 часот навечер и трае до 05 часот наутро. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека доколку овој полициски час не вроди со плод, не е исклучена можноста од воведување на дополнителни мерки и скратувањето на работното време на угостителските објекти.
Ново на Сител
-

Обезбедување украло бакарни кабли вредни 200.000 евра од градилиште во Центар
-

Андоновски: Се заокружува проектот за Центар за побезбеден интернет во Македонија
-

Средба Ѓорѓиевски - Канел: Нов импулс за соработка во образованието, културата и локалниот економски развој
-

Албанскиот премиер Рама реагираше по протестот и насилствата на опозиција, во кој се повредени 19 полицајци, а приведено е 21 лице
-

Со „рено“ удрил во 69-годишна жена па избегал
-

Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат седми пат годинава
-

Кривична за советник од Штип: Барал пари „на рака“ од граѓани за пасоши, па си ги ставал во џеб
-

Стабилна е состојбата на повредениот во синоќешната сообраќајка кај Белви
