Нов сојуз на крајната левица во Шпанија пред изборите во јуни

Нов сојуз на крајнолевите партии во Шпанија беше формиран под името Унидос Подемос, пред парламентарните избори закажани за 26 јуни.
Целта на сојузот е да се разбие политичката парализа во државата по декемвриските избори.
Партиите кои влегоа во парламентот не успеаја да се договорат за формирање владина коалиција.
Лидерите на Подемос и помалата Обединета лева партија синоќа објавија за сојузот. Според аналитичари, новиот сојуз може да добие повеќе гласови и парламентарни места од Социјалистичката апртија.
Шпанските гласачи го променија традиционалниот двопартиски изборен систем на четири со гласовите од 20 декември. Конзервативната Народна партија беше прва, втори беа Шпанската социјалистичка работничка партија, Подемос беа трети и пробизнис партијата Суидаданос – четврти.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
-

Лекарите трпат насилство, а ретко пријавуваат
-

Цените на такси услугите во Штип остануваат непроменети
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
