Нов смртен случај: Почина двегодишно дете во Охрид

Двегодишно девојче од Охрид доцна синоќа е донесено на детското одделение во Медицинскиот Центар Охрид без знаци на живот.
Информациите кои ги објавија дел од медиумите повикувајќи се на информации добиени од семејството отвораат сомнеж за сериозни пропусти во здравствениот систем. Според нив, девојчето прв пат било примено пред два дена, односно на 25 август. Според сознанијата, му била препишана терапија и било пуштено дома, а следната контрола му ја закажале за 3 дена.
Состојбата нагло се влошила вчера. Родителите околу 16 часот го донеле детенцето во охридската болница. Медицинскиот персонал му дал инфузија и откако му се подобрила состојбата повторно го пуштиле на домашно лекување.
Вечерта се случила огромна трагедија. Детето повторно е однесено во болницата од каде беше испуштено, но овој пат со влошена состојба и практично без знаци на живот.
Медицинскиот персонал се обидел да го реанимира, но безуспешно.
Ова е петти смртен случај за десетина дена. Јавноста е се уште потресена по информацијата за смртта на четирите новороденчиња од скопска Гинекологија во само два дена.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
