Џет-Сет
30. December 2015 - 18:14

Нов скандал: Фотографии кои го докажуваат неверството на малиот Кеба?!

Веста дека Игор Којиќ бил во врска со трансексуалецот Наташа Маза предизвика голем интерес во регионот, а по се изгледа скандалот допрва ќе добие на тензија.
 
Имено, Наташа Маза завчера точно во 22 часот на Инстаграм споделила фотографија од нејзиното милениче.
Тука немаше да има ништо невообичаено доколку никој не го забележеше коментарот кој го оставила до фотографијата но и тоа што следеше потоа. Во коментарот пишува дека кученцето се вика Лаки, а тука е и хаштагот #сакамштосесакаме, кој пак е заштитен знак на сопругата на малиот Кеба, Северина Којиќ.
По помалку од една минута на истата социјална мрежа Игор споделил фотографија од неговoто милениче до која напишал дека неговото име е Пако.
Медиумите шпекулирата дека е можно нивните миленичиња да се подалечни роднини или пак дека се работи за тајни сигнали кои си ги праќаат Игор и Наташа.